Press "Enter" to skip to content

Повик за работа во „Истражувачка репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија“

02.10.2021

ИРЛ го проширува својот тим со три нови работни позиции, еден уредник на истражувачки проекти и двајца репортери. Нашата работа е општествено одговорна, а во актуелните околности не била никогаш ниту поважна, ниту повозбудлива. Затоа ни требаат нови храбри членови на тимот кои ќе ни помогнат во борбата против корупција и организиран криминал.

Истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ, членка на меѓународната медиумска организација за известување за организиран криминал и корупција, е специјализирана во известување за висока корупција и прекуграничен криминал со цел да фрли светло врз причините и последиците од растечката нееднаквост. Нашата работа е да ги објасниме врските помеѓу парите и моќта и така да ја “наоружаме” јавноста со информации кои ќе помогнат да се случат значајни политички промени.

Позиција 1: Уредник на истражувачки проекти

Што бараме?

  • Минимум седум годишно работно искуство во медиуми.
  • Одлични пишувачки и аналитички способности.
  • Способност за менаџирање и организирање на работни тимови.
  • Способност за тимска работа во динамично опкружување.
  • Способност за адаптирање на комплетно нов и иновативен концепт на работа различен од традиционалните редакции.
  • Опширно познавање на политичката сцена и политичките случувања во Република Северна Македонија и регионот на Југоисточна и Централна Европа.
  • Интегритет, чесност и храброст.
  • Способност за работа во стресни и ризични околности.
  • Познавање на англиски јазик. 

Главни работни задачи:

  • Идентификување, пишување и уредување стории.
  • Менаџирање и насочување на работни тимови.
  • Водство и обучување на помладите новинари во тимот. 
  • Преземање одговорност за исполнување на крајните рокови поврзани со работата.
  • Работа на истражување, подготовка и организирање на емисии од проектот “Редакција” за што не е е потребно искуство во видео медиумите (тековни обуки и подготовка).

Што нудиме?

  • Можност за напредок и унапредување во рамки на организацијата.
  • Постојани обуки и тренинзи со цел стекнување искуство и вештини за работа на меѓународни истражувања. 
  • Можности за надградба и платени дообучувања и стекнување на вештини (пр. изучување странски јазици, поддршка за специјализирани вештини согласно желбите на кандидатот).
  • Пристап до технологии за побрза и поефикасна работа и пристап до мрежа од повеќе од 500 истражувачки новинари ширум светот. 
  • Редовни месечни примања и фер однос.
  • Професионален развој во најдинамичната и најиновативна редакција во земјата.

 

Позиција 2: Репортер

Што бараме?

  • Минимум три годишно работно искуство во медиуми.
  • Одлични пишувачки и аналитички способности.
  • Способност за тимска работа во динамично опкружување.
  • Способност за адаптирање на комплетно нов и иновативен концепт на работа различен од традиционалните редакции.
  • Иницијативност и креативност во идентификување на истражувањата.
  • Опширно познавање на политичката сцена и политичките случувања во Република Северна Македонија и регионот на Југоисточна и Централна Европа.
  • Интегритет, чесност и храброст.
  • Способност за работа во секојдневни стресни и ризични околности.
  • Медиумска писменост.
  • Познавање на англиски јазик.  

Главни работни задачи:

  • Идентификување и пишување стории со помош и консултација од страна на уредниците.
  • Преземање одговорност за исполнување на крајните рокови поврзани со работата.
  • Работа на истражување, подготовка и организирање на емисии од проектот “Редакција” за што е пожелно, но не е е потребно искуство во видео медиумите (тековни обуки и подготовка)
  • Теренско следење на поважните случувања во државата.

Што нудиме?

  • Можност за напредок и унапредување во рамки на организацијата.
  • Постојани и задолжителни обуки и тренинзи со цел стекнување искуство и вештини за работа на меѓународни истражувања. 
  • Платени дообучувања и стекнување на вештини (пр. Изучување странски јазици, поддршка за специјализирани вештини согласно желбите на кандидатот. 
  • Пристап до технологии за побрза и поефикасна работа и пристап до мрежа од повеќе од 500 истражувачки новинари ширум светот. 
  • Редовни месечни примања и фер однос. 
  • Професионален развој во најдинамичната и најиновативна редакција во земјата.

 

Доколку сметате дека сте вистинската личност за некоја од овие позиции, ве охрабруваме да го испратите вашето CV на irlmacedonia@irl.mk и задолжително да наведете за која позиција аплицирате. Мотивациско писмо ќе се земе како предност при селекцијата на кандидати, но не е задолжително. Огласот трае до 07.10.2021 и за сите дополнителни прашања околу работната позиција може да се обратите на наведениот мејл.