Press "Enter" to skip to content

ИРЛ, Арбнора Мехмети и Александар Манасиев добитници на наградите „Никола Младенов“

25.05.2021

Тимот новинари од Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) денеска ја доби наградата „Никола Младенов 2020“ за Најдобра истражувачка сторија.

Наградата е доделена за пакетот истражувања насловен како „Пандемско профитерство- другата страна на приказната за КОВИД 19“.

Награди беа доделени и за „Најдобра фоторепортерска фотографија“ и „Најдобар иновативен новинарски производ“.

Наградата за  „Најдобра репортерска фотографија“ ја доби фоторепортерската Арбнора Мехмети за фотографијата „Две патки поминуваат“, а за „Најиновативен новинарски производ’ ја доби Александар Манасиев за мултимедијалната сторија „Тивките балкански убијци“ во која се прикажува како термоцентралите влијаат врз животната средина. Мултимедијалната сторија е објавена на интернет платформата „Види вака“.

Наградите „Никола Младенов“  ги доделува „Македонскиот институт за медиуми“ (МИМ) и традиционално се доделуваат веќе десет години и се дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и демократските вредности во земјата.

Наградените стории на ИРЛ за КОВИД 19 може да ги прочитате на следните линкови.

Пеколниот пат низ тестирањето од КОВИД-19 или како умре Р.З. (2/2)

Несигурни дијагнози: Како лажно декларирани холандски тестови за КОВИД од Кина завршија во Македонија, САД и земјите на ЕУ

Маски со лажни сертификати за заштита од корона завршиле низ болниците во Македонија, ОЛАФ води меѓународна истрага

 

Повеќе од Насловна левоПовеќе теми во Насловна лево »